КОНТРОЛИРАЈТЕ ГО ДИЈАБЕТЕСОТ – Др Мајкл Мосли со години лекува заболени од дијабетес тип 2: Ваков појадок ја држи болеста под контрола!

Дијабетесот тип 2 се смета за многу сериозна состојба и доколку не се лекува може да доведе до сериозни здравствени компликации
Некои едноставни промени во животниот стил можат да помогнат во спречување или контролирање на вашата состојба.
Овој вид дијабетес предизвикува проблеми на организмот со производство на инсулин. Како резултат на тоа, шеќерот во крвта може да се искачи на ризично ниво. Ако не се лекува, може да доведе до оштетување на нервите, па дури и срцев удар.Појадокот може значително да го намали нивото на шеќер во крвта.
Како треба да изгледа првиот оброк наменет за дијабетичари?
Според Американското здружение за срце, максималната количина на додадени шеќери што треба да ги консумирате во текот на денот е околу осум лажички, а д-р Мајкл Мосли се согласува, продолжувајќи: „Јајцата треба да бидат дел од исхраната, но најдобро е да ги готвите без додавање сол или маснотии. На пример, варени или пржени, без додадена сол, изматени без путер и користете малку маснотии наместо павлака и полномрсно млеко“.
„Избегнувајте пржење на јајца, бидејќи тоа може да ја зголеми содржината на маснотии за околу 50 проценти“, посочува лекарот.
Овесот е исто така одличен избор за дијабетичари. Овесната каша има низок гликемиски индекс, така што помага во одржување на нивото на гликоза. Овесната каша е богата со растителни влакна, што значи дека може да ја забави апсорпцијата на шеќер во крвта, да го олесни варењето и да се бори против гладот до крајот на денот.
„Овошјето исто така може да биде одлична опција за појадок. Исхраната што содржи доволно овошје може да го намали шеќерот во крвта, да го намали ризикот од дебелина, срцев удар и мозочни удари. Овошјето има многу влакна и хранливи материи, што ги прави одличен избор за прв оброк во текот на денот. Додадете јогурт и некои јатки за да ви помогне да се чувствувате сити“, додава Др. Мосли.

Тој истакнува: „Наместо бел леб, решете се за интегрална верзија како леб со семки од тиква, житарки, соја и ленено семе. Таквиот леб е многу подобар избор за дијабетичари, но и за здравјето на дигестивниот систем.
Ако ви треба слатко наместо џем, обидете се со џем од чисто овошје или пире од банани. Други здрави избори се сирење со малку маснотии, путер од бадем или сечкана банана“.


Користете што е можно помалку масло кога готвите. Гответе со незаситени растителни масла, како што се сончогледово, маслиново или семе од репка.
„Трудете се да што почесто да јадете зеленчук за да на организмот му обезбедите доволен внес на влакна“, нагласува докторот.

Доколку сакате да дознаете повеќе за здравиот начин на исхрана на доктор Мајкл Мосли одете на овој ЛИНК кој ќе ве одведе до неговата страна на Инстаграм.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Објавена новата корона карта на ЕУ: Нема зелени области!

Европскиот центар за контрола и превенција на болести објави нова мапа на короната на Европа, …