ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ НА КОНКУРСОТ ЗА КРЕАЦИЈА НА ПОСТЕР „ДАНТЕ 700“

Како дел од 21-та недела на италијанскиот јазик во светот, оваа година посветена на големиот италијански поет Данте Алигиери, по повод 700 -годишнина од неговата смрт која се одбележува годинава, Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје, во соработка со Амбасадата на Италија, објави конкурс за изработка на постер посветен на оваа годишнина. Конкурсот, отворен за студенти на факултетите и академиите за визуелни и ликовни уметности, државни и приватни, и за учениците од средните училишта во Северна Македонија, имаше огромен успех: 170 учесници пратија вкупно 281 постери. Од овие, 268 беа изработени од 157 студенти на универзитетите и 13 од страна на ученицитеод Уметничкото училиште и други средни училишта.

По прелиминарната евалуација, постерите беа доставени до жирито составено од четворица еминентни дизајнери: Небојша Гелевски и Нгадњим Мехмети (Северна Македонија) и Серџо Оливиоти и Марко Натоли (Италија), кои избраа 70 постери за потесниот избор. Истата Комисија потоа одбра листа од 15 автори финалисти која беше оценета заедно со Амбасадата на Италија во Скопје, одредувајќи ги првите три победници: Прво место: Евангелија Иваноска (Американски универзитет за Европа – ФОН) – Данте 700; Второ место: Јована Ристовска (Универзитет Американ Колеџ Скопје – УАКС) – Данте 700; Трето место: Иван Коминовски (Факултет за ликовни уметности, Скопје) – Смртта е само почеток.


Прворангираниот постер беше искористен како официјален постер за 21 -та недела на италијанскиот јазик во светот, додека останатите постери финалистиможат да се погледнат на Фејсбук страницата на Амбасадата на Италија.

При доделувањето награди на првите три и на останатите 15 финалисти, Амбасадорот Силвестри го истакна големиот успех на иницијативата, што ја покажува популарноста на Данте во Република Северна Македонија. Големиот поет, основоположник на италијанскиот јазик, се потврдува како човек со универзална порака, способен да ја поттикне уметничката чувствителност на младите Македонци“, заклучи амбасадорот.


Прво место: Евгенија Иваноска     

Американски универзитет за Европа – ФОН

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Второ место: Јована Ристовска

Универзитет Американ Колеџ Скопје – УАКС

Трето место: Иван Коминовски

Факултет за ликовни уметности, Скопје

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ШОК – Колеги, пријатели се простуваат од Славиша Кајевски: Неверица, удар, подмолен молк…

Откако одекна веста дека македонскиот актер Славиша Кајевски ненадејно починал, неговите колеги и пријатели во …