(ВИДЕО) Органодарителството не е повеќе табу тема: Уште една успешна трансплантација на срце, пациентот си заминува дома

Првиот човек на каридихирургија Сашко Јовев кој е дел од тимот за трансплатнација вели дека пациентот е добар и многу е важно што органодарителството не е повеќе табу тема.
Во Македонија за година и половина се направија шест трансплантации на срце.
Ново срце, нова шанса за живот и бескрајна благодарност до семејството што одлучи да го донира срцето на нивниот близок за да го спасат мојот живот, вака 50 годишниот Сашко Јанкуловски го раскажа новото поглавје во животот по добиеното ново срце.
Тој вели дека по оваа операција живот за него има нов правец како да го живее. Во понеделник заминува дома, среќен што ќе биде со семејството и со порака дека органодарителството е врвот во човековата добрина.
Првиот човек на каридихирургија Сашко Јовев кој е дел од тимот за трансплатнација вели дека пациентот е добар и многу е важно што органодарителството не е повеќе табу тема.
Во Македонија за година и половина се направија шест трансплантации на срце. Еден пацинет почина во првиот месец по направената трансплантација од инфекција која според кардиохирурзите е честа во првиот месец кај пациенти кои се имуносупримирани.


Извор: kanal5

Автор:Мирјана Мирчевска Јовановиќ


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Елизабет Харли во тесен фустан кој едвај и ги покрива градите

Британската актерка Елизабет Харли (56) на својот Инстаграм профил објави кратко видео од снимање и …