РЕШЕНИЕ – Зошто ни се случуваат грчеви во мускулите во сон и како да ги спречиме?

Ноќните грчеви во нозете погодуваат до 60 проценти од возрасните. Тие понекогаш се нарекуваат грчеви во мускулите и се јавуваат кога еден или повеќе мускули на ногата ненамерно ќе се затегнат.
Грчевите во нозете за време на спиењето се почести кај жените и постарите лица, и најчесто влијаат на гастрокемиус мускулот, кој се протега до задниот дел на ногата од глуждот до коленото. Сепак, тие исто така можат да влијаат на мускулите на предниот дел на секој бут (квадрицепс) и на задниот дел на секој бут.
Можеби сте будни или спиете кога грч ќе ве „удри“ во нозете. Поголемиот дел од времето, мускулот се релаксира за помалку од 10. минути, но може да почувствувате болка или непријатност подоцна во текот на ноќта. Честите грчеви ноќе може да ви го нарушат сонот.

Можни причини за грчеви
Многу истражувачи тврдат дека грчевите се последица на модерниот начин на живот. Нашите предци имаа различно држење на телото што им овозможи да ги истегнат тетивите, што не е случај денес. Тие исто така забележале дека кога сме во кревет, стапалото често е во позиција на плантарна флексија. Кога ова се случува долго време, дури и малите движења на стапалата можат да предизвикаат грчеви. Истражувањата покажаа дека грчевите се почести ноќе во лето отколку во зима. Иако ова не важи за секого, зачестеноста го достигнува својот врв кон средината на јули, а се намалува кон средината на јануари.
Според истото истражување, грчевите во мускулите се последица на нервните проблеми, а не мускулни нарушувања. Испитувањата како електромиографија покажале дека оние нерви што се протегаат од ‘рбетот до стапалата на нозете предизвикуваат грчеви.


Превенција и решавање на грчеви
Научните студии покажале дека истегнувањето може да биде корисно за лекување и спречување на ноќни грчеви. Една мала студија од 2012 година покажала дека луѓето кои ги истегнувале листовите и стапалата непосредно пред спиење, ја намалиле фреквенцијата на грчеви за 59%. Таблетите кинин со години се најпопуларниот третма, но поради несакани ефекти (неправилно чукање на срцето и многу низок број на тромбоцити) тие повеќе не се препорачуваат.
Соодветниот внес на магнезиум преку секојдневната исхрана, исто така, може да помогне. Вклучете храна како грав, ореви, цели зрна и зелен лиснат зеленчук во вашето дневно мени. Особено ако не вежбате, внимавајте да пиете многу вода во текот на денот. Водата ќе ја одржува еластичноста на вашите мускули на високо ниво.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЗАТЕМНУВАЊЕТО НА СОНЦЕТО НА 4. ДЕКЕМВРИ ВАКА ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ВАШИОТ ХОРОСКОП: Некои ќе блеснат како ѕвезди, на други минатото ќе им се ПОВАМПИРИ!

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …