Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година.

Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во музиката од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава која и овој пат се очекува да покаже дека е одлична, велат организаторите од Андерфест.

Оваа година фестивалот ќе се одржи во Биртија Паб и на него ќе земат учество пет македонски бендови кои на сцената ќе ги покажат своите музички перформанси и ќе се мотивираат да продолжат да креираат нови музички дела.


Бидејќи Андерфест фестивалот ќе се одржува четврта година веќе добро се препознава од страна на младите уметници и публиката и ова претставува единствен фестивал на територијата на Република Северна Македонија кој е целосно посветен на младите актуелни музичари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Блаж Маротов со „Нека се вратат златните времиња“ не потсетува на некои други оптимиситчки периоди и места

Блаж Маротов има нова песна… малку поразлична од неговиот претходен опус…со наслов „Да ги вратиме …