Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате вообичаени ритуали при одењето – дали се држите за рака или одите прегрнати? Кој е лево, а кој десно? Дали можеби се бакнувате во јавност? Одговорите на овие прашања во голема мера можат да ги откријат деталите за вашата врска и степенот на интимност со вашиот партнер!

Како одите?
Се држите за раце?
Не, благодарам! Ако нема физички контакт при одење, бидејќи ви се чини непрактично, веројатно постои одредено растојание помеѓу вас. Бидејќи очигледно желбата да се допирате додека шетате не е премногу голема.
Ние секогаш го правиме тоа: Работата е јасна, вие си припаѓате еден на друг и сакате тоа да им го покажете на сите околу вас. Не ги надминувате проблемите поединечно, туку секогаш во пар. Рака во рака.
Како кога: Понекогаш рацете ви се спојуваат, а потоа повторно ја прекинувате „конекцијата“. Ја покажува вашата флексибилност. Поминувате низ животот како двојка – но ја одржувате својата индивидуалност. Редовно следите и одржувате рамнотежа во вашата врска.


Кој оди лево, а кој десно?
Секогаш исто: Можеби никогаш не сте го забележале тоа, но секој искусен и синхронизиран пар точно знае што да прави, дури и при одење. Веројатно секогаш седите на истото место на масата или спиете на иста страна од креветот, нели?
Секогаш различно: Едно денес, друго утре – се е прилично опуштено и некомплицирано. Вие не наметнувате непотребни правила и ограничувања за себе во врската, а и зошто би? Се оди таму каде што треба и каде што му одговара во даден момент. Најверојатно спонтано и секогаш ги решавате проблемите со заеднички напори!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Објавена новата корона карта на ЕУ: Нема зелени области!

Европскиот центар за контрола и превенција на болести објави нова мапа на короната на Европа, …