(ВИДЕО) Повреда на очите, хернија, извадени ребра – Џејсон Момоа: „Докрајчен сум“

Џејсон Момоа (42) рекол дека бил повреден неколку пати за време на снимањето на филмот „Aquaman And The Lost Kingdom 2“, кој треба да излезе во декември 2022. година.
„Стареам, што се случува“, се пошегувал холивудскиот актер, во вторникот, како гостин во емисијата кај Елен Деџенерис.
„Ги уништив очите. Нешто влезе и некако ги пресече. Потоа морав да се оперирам. Имам хернија, извадени ми се ребра. Докрајчен сум”.
И покрај повредите, Момоа исто така рекол дека филмот ќе биде „одличен“.


На прашањето зошто постојано се повредува за време на снимањето, актерот кој привлече најголемо внимание глумејќи во серијата „Игра на престоли“, посочил дека неговиот ентузијазам за работа е главната причина.
„Едноставно е така. Ја сакам својата работа и премногу се возбудувам. Нешто што има врска со возраста. Сега сум постар суперхерој”, рекол Момоа.
Актерот последните денови беше на турнеја низ Обединетото Кралство, но присуствуваше и на лондонската премиера на научно -фантастичниот филм „Dune“ со своите колеги, актеркката Зендаја и Тимоти Шаламет.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Блаж Маротов со „Нека се вратат златните времиња“ не потсетува на некои други оптимиситчки периоди и места

Блаж Маротов има нова песна… малку поразлична од неговиот претходен опус…со наслов „Да ги вратиме …