(ВИДЕО) Даниела во солзи пријавила дека нејзиниот син (5) ИСЧЕЗНАЛ: По ШЕСТ месеци, пресвртот ја оставил без зборови

Таа мислела дека истрагата оди во друга насока…
Кога пред шест месеци му рекла на локалниот полицаец дека нејзиниот петгодишен син Илаја Луис исчезнал по враќањето од градинка, њујорчанката Даниела Денис Дофине (35) била преплавена од болка.


Барем така таа им ја покажала својата состојба на луѓето околу неа. А што навистина се случило се уште не е познато, бидејќи Даниела пред шест месеци од загрижена мајка стигнала до позицијата на првоосомничена за исчезнувањето на нејзиниот син.
Пред половина година, Даниела пријавила во полицијата во Њу Хемпшир дека и го нема синот. Тие ги проверувале и проверувале фактите како и неколку луѓе кои биле во најчест контакт со момчето до тој момент. Ништо. Како да исчезнало од лицето на земјата.
Даниела и нејзиниот партнер Џозеф Стапф (30) се труделе некако да продолжат со животот, обидувајќи се да откријат каде е нивниот син, пренесува AG.



Кога полициските сили во Њу Хемпшир се приклучиле на потрагата, тогаш истрагата започна да се свртува против Даниела и Џозеф. Откриено е дека имале неколку инциденти со нивниот син, како и дека не биле од примерните родители.
Поради тоа, во неделата, на 17. октомври, полицијата тропнала на вратата од куќата на Даниела, но не со информации за исчезнувањето на нејзиниот син, туку со цел да ја уапси неа и нејзиниот партнер.


Додека жената се борела да ги нападне истите полицајци, таа молела за помош дека се во заблуда, партнерот немо отишол на сослушување. Даниела се уште е шокирана од притворот и не сака да комуницира со никого.


– Се обидуваме да го најдеме Илаја. Проверуваме сешто можеме секој ден, нема повеќе агли од таа област што не сме ги прочешлале. Се надеваме дека ќе го најдеме во добра состојба, но би бил лицемерен ако не додадам дека шансите за тоа се се’ помали – изјавил Бенџамин Агати од локалниот Центар за социјална работа, кој исто така со месеци е вклучен во потрагата.
Ако случајно се најде Илаја, Центарот за социјална работа ќе го преземе неговиот надзор додека не се утврди што точно се случило, бидејќи постои основано сомнение за, доколку не е нешто потрагично од тоа, занемарување и негрижа за детето.

Фото: New Hampshire Department of Justice

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ШОК – Колеги, пријатели се простуваат од Славиша Кајевски: Неверица, удар, подмолен молк…

Откако одекна веста дека македонскиот актер Славиша Кајевски ненадејно починал, неговите колеги и пријатели во …