(ФОТО) Ѓоковиќ: „Нема да откријам дали се вакцинирав или не!“

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, зборувал за плановите за крајот на сезоната, но и за темата поврзана со вакцинацијата.
Новак треба да настапи на уште три турнири до крајот на 2021 година.

„Засега планирам да играм во Париз, завршниот Мастерс во Торино и Дејвис купот. Тоа е мојот распоред до крајот на сезоната. Треба да бидам во Белград до крајот на неделата, а потоа една недела пред натпреварите во Берси ќе ја напуштам Србија, за да се посветам на тренинзите и подготовките. Засега, сигурно ќе бидам во Белград до крајот на неделата бидејќи моите деца одат на училиште овде а и роденденот на Стефан е за неколку дена, па затоа ќе го прославиме овде со семејство“, рече Ѓоковиќ во интервју за „Блиц“.
Ситуацијата во врска со Отвореното првенство на Австралија е се уште најјасна, а доаѓаат информации дека сите учесници би требало да исполнат одредени услови.

„Ја следам ситуацијата околу Австралија и колку што разбрав конечната одлука на австралиската влада и Тенис Австралија ќе биде за две недели, значи тоа е првата или втората недела од ноември. Не верувам дека условите ќе се променат многу во споредба со она што веќе го знаеме. Ова беше случај и оваа година, ќе има многу ограничувања, а она што го слушнав од мојот менаџер кој е во директен контакт со луѓе од Федерацијата на Австралија е дека тие се обидуваат да се подобрат услови за секого, и за вакцинираните и за оние кои не се“.

Новак вели дека искуството од оваа година не е најдобро, а изрази и жалење бидејќи тенисерите ги прифаќаат сите услови што им се поставуваат.

Исто така, тој не може со сигурност да каже дали ќе оди или не во Австралија.

„”Јас го заземам ставот што го заземам и отсекогаш сум мислел на истото. Не сакам да го откријам мојот статус дали се вакцинирав или не. Тоа е приватна работа и според нашиот закон, кој и да ве праша, можете на некој начин и да го теретиш за тоа што те прашал. Тоа е неумерено прашање. Премногу луѓе денес си дозволуваат таква слобода да прашуваат работи и да осудуваат човек. Што и да одговорите, “јас сум, јас не сум, можеби, не знам, размислувам!’ ќе го злоупотребат“, рекол меѓу другото.

Конечно, тој зборувал и за следната сезона.

„Реков пред оваа година дека мојата главна цел е да го постигнам тој историски број еден што сум и дека мојот главен фокус е да ја продолжам кариерата за да играм што е можно подобро на Грен Слем турнирите и да играм за националниот тим. Тоа се моите главни мотиви. Ситеостанати турнири се помалку важни за мене во овој дел од мојата кариера и тие се само подготовка или за национален тенис или за грен слемови“, заклучил Новак.

Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Златан Ибрахимовиќ си ја отворил душата: „Брат ми почина пред мене“, „Јас сум Швеѓанец но и од мешан брак“

Многумина му се восхитуваат на Златан Ибрахимовиќ поради сето она што го постигна, како и …