(ФОТО) Некогашното најубаво девојче завршило во Брза помош: „Тројца гинеколози не ми помогнаа“

20-годишна Французинка Тилан Блондо, која ја освои титулата за најубаво девојче на светот на шестгодишна возраст, ги загрижи своите следбеници на Инстаграм со последниот пост.
Имено, Тилан објави серија фотографии од болницата и во описот објасни зошто завршила таму.

Пред една година, откако и пукнала циста на јајниците, завршила на итна операција. Дури и три месеци подоцна, таа почнала да чувствува страшни болки во стомакот.
„Не бев сигурна дали ќе го објавам ова, но, тука сме. Отпрвин, сите, вклучувајќи ме и мене, мислеа дека имам болки поради операција. Оваа година посетив три различни гинеколози, отидов на преглед на повеќе од четири центри за радиологија во Париз. и сите ми го кажаа истото: ‘Не грижи се, нема ништо во стомакот. Се е во твојата глава’“, напишала таа, а потоа додала дека пред четири дена завршила во Итната медицинска помош.
„Стомакот ме боли толку многу што не можев повеќе да издржам. Ме прегледаа и ми рекоа дека се е во ред, дека има мала ‘творба’ и дека морам да ја проверам за 2. до 3. месеци. Еден ден потоа имав прегледот кај неверојатниот лекар Оливие Кадох, кој ме прегледа, виде дека цистата е со големина 5, 6 сантиметри и ги допира моите јајници, поради што ме испрати на магнетна резонанса, а еден час подоцна ми се јави и ми рече веднаш да одам во болница на итна операција. Денес конечно се чувствувам добро, особено затоа што веќе почнав да мислам дека сум луда за болките во стомакот кои, како и да не постојат. Среќна сум што бев упорна” напишала таа, кажувајќи им на сите да се грижат за своето здравје.

„Секоја болка, дури и мала, може да крие нешто многу поважно. Денес се чувствувам благословено и благодарно што го поминав ова искуство и сум многу благодарна на сите лекари кои се грижеа за мене и ми помогнаа да го поминам ова”, напишала Тајлин и се заблагодарила на нејзината мајка и нејзиното момче.
Бројни следбеници и напишале пораки на поддршка во коментарите.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ШОК – Колеги, пријатели се простуваат од Славиша Кајевски: Неверица, удар, подмолен молк…

Откако одекна веста дека македонскиот актер Славиша Кајевски ненадејно починал, неговите колеги и пријатели во …