Тажна вест: Почина доајенот на македонското новинарство Никола Талевски

На 81. годишна возраст, утрово, почина доајенот на битолското новинарство Никола Талевски, догогодишен дописник на Македонската телевизија и сопственик на „Инфо магазин“.

Тој беше еден од најплодните битолски новинарски пера кој покрај со новинарско известување, се занимаваше и со хумор и сатира. Во емисиите на Радио Битола беше познат под ликот Ристо Модернисто, со кој беше ангажиран дури и со настапи во естрадата. Како текстописец Талевски се јавуваше и во хумористичното списание „Остен’, каде редовно соработуваше се до згаснувањето на ова гласило. Во „Остен“ и други гласила се јавуваше и со псевдонимот Битољо. Пишуваше хуморески, афоризми и сатирични текстови за повеќе македонски и југословенски весници.
Ги објави книгите „Шегалџилница“, „И не мисли на грев“, „Еротски кажувања“, „Перење на мозокот“ и последната со афоризми „Ветрокази“.
Добитник беше на наградата на Вториот југословенски фестивал за хумор и сатира во Будва за скеч на емисијата „Караван“ на Радио Белград во 1969. година. На Вториот југословенски фестивал во Крушевац во 1994 година беше награден за афоризам.
Талевски не се откажа од новинарството до своите последни денови до кога твореше.
Опелото е закажано за утре во 10 часот во Св. Димитрија, а во 12 часот погребот на Буковските гробишта.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

СЗО ОБЈАВИ: Омикрон откриен во 38 земји, нема смртни случаи

Варијантата ОМИКРОН на корона вирусот е откриена во најмалку 38. земји во светот, но сè …