Почна судењето на Бензема, му се заканува казна од пет години затвор

Истражителите велат дека Бензема го охрабрил Валбуена да им плати на уценувачите откако му ги дал условите под кои би можел да ги спречи сопствениците на снимката да ја објават во јавноста.
Во судот во Версај денеска започна судењето против Карим Бензема. Напаѓачот на Реал Мадрид е обвинет за уценување со секс снимка на соиграчот Матје Валбуена во 2015. година, со уште четири лица.
„Одлуката да му се суди на Бензема е апсурдна и сурова. Тој нема од што да се жали тука”, изјави адвокатот на Бензема, Силвен Кормиер.


Францускиот закон предвидува максимална казна од пет години за дело на изнуда. Бензема со четири лица наводно побарале од Валбуена меѓу 50. и 100. илјади евра за да не се објави спорното видео. Откако се` било објавено во медиумите во 2015. година, францускиот селектор Дидие Дешамп ги исфрли двајцата од националниот тим. Одличниот француски напаѓач не беше поканет во француската репрезентација пет години, до Европското првенство, кое се одржа летово.
Истражителите велат дека Бензема го охрабрил Валбуена да им плати на уценувачите откако му ги дал условите под кои би можел да ги спречи сопствениците на снимката да ја објават во јавноста.
Бензема го негирал сето тоа, и сега случајот стигна до суд. Покрај централниот напаѓач на Реал, обвинети се уште четири лица. Меѓу приведените е и поранешниот француски репрезентативец Џибрил Сисе, кој по сослушувањето бил ослободен.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Златан Ибрахимовиќ си ја отворил душата: „Брат ми почина пред мене“, „Јас сум Швеѓанец но и од мешан брак“

Многумина му се восхитуваат на Златан Ибрахимовиќ поради сето она што го постигна, како и …