(ВИДЕО) ТОА СЕ ВИКА ЉУБОВ: Со своето тело го заштитил автомобилот од град

КРАТКОТО видео за рекордно време собрало бројни симпатии.
Нема тука многу за што да се зборува. Бурата доаѓала, а среќниот сопственик на благородната Тојота немал подготвено скривалиште. Затоа одлучил својот лимен миленик да го заштити со она што го имал околу себе, ќебе, картон и сопственото тело.
Иако видеото трае само неколку секунди, секој малку поголем обожавател на автомобили ќе го разбере овој гест. За многумина, автомобилот е повеќе од лим и само превозно средство од точката А до точката Б. И кога станува збор за автомобил како „Тојота Супре“, работите сами се средуваат. Ова е четврта генерација на модели кои се произведувале до 1998. година, а дури и денес е најбараната генерација на Supra, така што цената честопати оди во небо.
И, конечно, да речеме дека автомобилот останал неоштетен.

@jakemcgloinWhen life doesn’t throw you lemons 😂#sydney #hail #badweather #covid #covid19

loading...

♬ Mad World – Michael Andrews


Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Погледнете со што верверица наполнила „Субару“

ПОДГОТОВКАТА за зима е во полн ек, а тоа важи и за животинскиот свет. Меѓу …