(ВИДЕО) Активистка упаднала на ревија на Луј Витон и направила ХАОС – видете ги видеата што кружат по мрежите…

И’ покрај тоа што Модната недела во Париз заврши пред две недели, интересно видео од модната ревија на Луј Витон во француската престолнина се уште кружи по социјалните мрежи.
Имено, активистка која се бори против климатските промени упаднала во самото шоу, и прошетала по пистата носејќи огромен транспарент кој го осудил влијанието на прекумерната потрошувачка врз животната средина.
„Прекумерна потрошувачка = изумирање“, пишувало на транспарентот на оваа девојка која наводно е член на групата „Млади за клима и бунт против изумирање“.

Таа успеала накратко да се придружи на парадата на модели на пистата поставена во галеријата на музејот Лувр и да предизвика збунетост кај публиката, додека обезбедувањето не ја соборило на подот и не ја изнело од салата.


Наводно, околу 30. луѓе од различни еколошки здруженија биле вклучени во планирањето на овој ексцес, а двајца биле уапсени. Тие ја повикале француската влада да спроведе „итно намалување на нивото на производство во модниот сектор“, имајќи предвид дека се продадени 42. парчиња облека по лице во Франција во текот на 2019. година.
„ЛВМХ е светски лидер во луксузот и има одговорност кога станува збор за трендовите што ја туркаат текстилната индустрија побрзо да ги обновува колекциите и да произведува се повеќе“, изјавила Алма Дуфур, портпаролка на групата, за Ројтерс.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПЕТ РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВА СЕКОЈА СВЕКРВА: Само така ќе има совршен однос со синот и снаата

Сите знаеме за стереотипот за свекрвите, кој не е најпозитивен. Меѓутоа, во пракса често е …