(ВИДЕО+ФОТО) Интервју YOVA: „Ако некој има страст кон музиката, го советувам да се фрли во музичките води, без разлика дали ќе стане sвезда или не – непроценливо е да се занимавате со нешто што го сакате!“

Колку често ни се случува да не знаеме што имаме ДОМА? Колку често се восхитуваме на некои непознати „ликови“ а не знаеме дека тука, дома, имаме бисери по кои копнеат и во странство….
Еден од тие БИСЕРИ, богатства е YOVA, млада уметничка – бидејќи за музиката која ја изведува може да се искористи само тој збор, која се калела во Лондон, и сеуште трпеливо и внимателно го кали својот пат до успехот…
Ако е успех сите да те знаат и да се воодушевуваат на твојата музика…
Во интервјуто подолу откријте која е YOVA и како стасала тука каде што е но и какви и се плановите за настап на Андерфест 2022 …

Кога почна да се занимаваш со музика?
– Почнав да се интересирам за музика како дете. Учествував во сите училишни претстави, пеев или танцував.
Учествував на детскиот фестивал „Калинка“ во Гевгелија и тинејџерскиот фестивал „Тинс фест“ во Прилеп.


 

View this post on Instagram

 


A post shared by YOVA (@yova.music)

Кога се пресели и која беше причината да живееш во Лондон?
– Се преселив во Англија по завршувањето на средното училиште. Уште како мала сакав да поминам време во европската музичка метропола. Се запишав на реномираното музичко училиште „Vocal-Tech“ во Лондон и таму ги запознав моите први соработници со кои го издадов мојот прв албум „Дневник на песочен часовник“ во 2007. година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Блаж Маротов со „Нека се вратат златните времиња“ не потсетува на некои други оптимиситчки периоди и места

Блаж Маротов има нова песна… малку поразлична од неговиот претходен опус…со наслов „Да ги вратиме …