(ФОТО) ОВАА ЉУБОВНА ПРИКАЗНА Е ПОДОБРА ОД СЕКОЈ ФИЛМ! Глумицата се вљубила во НЕГО, а потоа направила нешто ХРАБРО што жените ретко го прават!

Австралиската актерка Сара Снук (33) тајно се омажила за својот најдобар пријател Дејв Лосон, во кого се заљубила за време на карантинот поради коронавирусот.
Sвездата од серијата „Succession“ и 43-годишниот Дејв се вериле во октомври минатата година, откако таа го запросила. Двојката се венчала во дворот на нејзината куќа во Њујорк, каде што живее веќе некое време, уште во февруари, но тоа дури сега се дознало.

„На почетокот на пандемијата во Мелбурн, се изолирав со еден од моите најдобри пријатели и се вљубивме. Ние сме пријатели од 2014. година, живеевме заедно, патувавме заедно, секогаш бевме возбудени кога ќе се видевме, но сето тоа беше потполно платонски“, рече таа во интервју за „Вог“.
Таа додала дека ѕвездите им се усогласиле, и меѓу нив се родила романса, како во филмска приказна, и ако не се случеше пандемијата, веројатно немаше да завршат заедно.
Гласините за венчавката се појавија кога Сара се појавила на премиерата на третата сезона на серијата „Succession“ во Њујорк со блескав прстен на раката.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Тони Цетински бил на трансплантација на коса, СЕ’ објавил на Инстаграм

ТОНИ Цетински објави на Инстаграм дека решил да направи трансплантација на коса. „Одамна имам желба …