Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

Песни од Стефан Марковски беа вклучени во антологискиот избор на шпански јазик Tránsito de voces poéticas или Премин на поетските гласови во е-издание на мексиканскиот книжевен портал Revista Primera Página.


Во антологијата од меѓународен карактер е застапена поезија од поетски имиња кои припаѓаат на генерации родени меѓу 1955-та и 1994 година од: Полска, Чешка, Романија, Србија, Јапонија, Сирија, Ирак, Ј. Кореа, Кина, Индија, Непал и Тајван.

 


Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторитечовечкото дистанцирање и поезијата како импулс на бунтот во воените контексти, природата како причинител на сеќавањата и симбол на деавтоматизацијата среде урбаната монотонија, празнината на секојдневието… мотиви кои во корен се накалемуваат на минливоста, а кои секој од застапените поети ги доближува до читателите преку сопствениот глас, искуства и афекции, движејќи го оној воз без крајна одредница наречен срце” се вели во предговорот кон антологијата.

Препевите на застапените песни беа направени од венецуелската поетеса Мариела Кордеро.

Антологијата е достапна на сајтот на Revista Primera Página:  https://primerapaginarevista.com/antologia-internacional/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ШОК – Колеги, пријатели се простуваат од Славиша Кајевски: Неверица, удар, подмолен молк…

Откако одекна веста дека македонскиот актер Славиша Кајевски ненадејно починал, неговите колеги и пријатели во …