ИГРА НА ХУМАНОСТ – MOZZART И ЈАВНИТЕ ЛИЧНОСТИ ПОМАГААТ НА БРОЈНИ ИНСТИТУЦИИ

Добивката од хуманитарниот тикет на музичарот Славчо Јовев е насочена кон Основното училиште со ресурсен центар “Кочо Рацин” во Битола.

Во играта за хуманост секогаш е поголема мотивацијата за добивка. Затоа, компанијата Mozzart ги здружи силите со јавните личности и низ акцијата “Хуманитарен тикет за викенд” се обидува да овозможи нови средства за помош на разни добротворни институции, здруженија, центри и поединци на кои тоа им е најпотребно. Во претходниот период, се нанижаа добитни хуманитарни тикети благодарејќи на сјајните типувања од спортистите и уметниците, па донациите се насочија на разни адреси, согласно нивните желби…


Овој пат, добитниот тикет го состави Славчо Јовев, тапанар на групата Фолтин, кој имаше желба средствата да бидат упатени кон Основното училиште со ресурсен центар “Кочо Рацин” во Битола.


Тоа е единствена установа во земјава од таков вид, а постои повеќе од 70 години како државно училиште, под Министерството за образование и наука.

Установата е основоположник на специјална теорија и пракса во Македонија, кадешто преку рехабилитација, образование, современа технологија, специјализирани методи и форми на работа, се развиваат способностите на децата со проблеми во развојот, а со цел да се оспособат за полесен пристап во секојдневниот живот.

“Додека децата се насочени кон примање љубов, возрасните сe оние кои треба да им ја подаруваат! Вие, преку овој подарок на нашите ХЕРОИ од Основното училиште со ресурсен центар “Кочо Рацин” – Битола им ја подаривте сета љубов која ја носите во вашите срца! Вашата цел, преку подарувањето да се чувствуваат прифатени, ценети и сакани е  исполнета! ОГРОМНО БЛАГОДАРАМдо Компанијата Mozzart.” – изјави директорката на Основното училиште со ресурсен центар “Кочо Рацин”,Валентина Стојкоска.

Втор пат по ред донација од Хуманитарен тикет оди во Битола, бидејќи претходно помошта пристигна и во Домот за доенчиња и мали деца во Битола.

“Продолживме со нашата хумана мисија во овој град, со донацијата на Основното училиште со ресурсен центар “Кочо Рацин”. Сакаме да се заблагодариме на музичарот Славчо Јовев на учеството во акцијата, се надеваме дека и идните учесници ќе бидат успешни како него. Компанијата Mozzart ќе се потруди да понуди помош на што повеќе адреси, а посебно кај Институциите кои ги згрижуваат најмладите.” – нагласи Мики Златески, менаџер за Корпоративни процеси во Mozzart.

Јавните личности секогаш со задоволство учествуваат во оваа акција, а до сега типуваа капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, ракометниот репрезентативец Филип Кузмановски, водителката Лила Филиповска…

Низ акцијата хуманитарен тикет за викенд до сега се собрани речиси 300.000 денари кои компанијата MOZZART ги донираше во добротворни цели, а во текот на декември во месецот на хуманост, влоговите кои ги даваше компанијата за секоја недела беа загарантирана добивка. Вкупниот фонд од месецот на хуманост од 90.000 денари е уплатен во Ј.У. Детски дом „11 Октомври“ во Скопје.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

СЗО ОБЈАВИ: Омикрон откриен во 38 земји, нема смртни случаи

Варијантата ОМИКРОН на корона вирусот е откриена во најмалку 38. земји во светот, но сè …