(ВИДЕО+ФОТО) „Најтажната жена на светот“ ги загрижила фановите со новиот пост, и пишуваат: „Ти не си добро!“

МОНЕГАШКАТА принцеза Шарлин, „најтажната жена на светот“, како што ја нарекоа некои медиуми на денот на венчавката, објави фотографија на својот профил на Инстаграм каде позира со кралот на јужноафриканските Зулу луѓе, Мисузул каЗвелитини.
„Ви благодарам за љубезноста и поддршката“, напиша Шарлин во описот на фотографијата, додавајќи „Bayede Nkos“, што на африкански значи „поздрав до кралот“.
Принцезата позирала во кошула и дебел џемпер, а на вратот носеше бројаница. Нејзините следбеници во коментарите и рекле дека се загрижени за неа и дека не изгледа добро.

„Ти не си добро. Погледнете ги нејзините раце”, „Изгледаш многу уморно и тажно”, „Има толку многу тага во твоите очи. Се надевам дека еден ден повторно ќе бидеш среќен”, „Навистина ти треба поддршка во овие моменти “, се само неколку од коментарите под фотографијата. Еден од придружниците ја праша монегашката принцеза кога има намера да се врати дома, но таа не одговори на неговото прашање.
Шарлин со месеци е во родната Јужна Африка, а последен пат била видена во Монако во јануари оваа година. На 8/ октомври принцезата по трет пат беше оперирана за да излечи сериозна инфекција на увото, носот и грлото. Во интервју за Јужноафриканското радио 702, Менди Виенер рекла дека не може да го форсира своето опоравувње.

Нејзиниот престој во Јужна Африка предизвика гласини за развод од принцот Алберт, кој неодамна проговори за целата ситуација.
„Таа не го напушти Монако нагло. Таа не замина затоа што беше лута на мене или на било кој друг. Отиде таму за да ја прегледа работата на нејзината фондација и да земе малку слободно време да го помине со својот брат и пријателите”, рекол принцот Алберт за списанието „People“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Блаж Маротов со „Нека се вратат златните времиња“ не потсетува на некои други оптимиситчки периоди и места

Блаж Маротов има нова песна… малку поразлична од неговиот претходен опус…со наслов „Да ги вратиме …