ИЗЛОЖБА на Пабло ПИКАСО –  керамики, цртежи и графики од колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж

Изложбата ќе биде поставена во Домот на културата во Ѓорче Петров само еден ден: 20 октомври 2021 од 12 – 22 часот|официјално отворање 19 часот
Влезот е бесплатен.


ОСТЕН Скопје во соработка со Општина Ѓорче Петров им приредуваат несекојдневен настан на граѓаните од Скопје:
Во колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж се наоѓаат 83 оригинални дела на Пабло Пикасо од кои 8 цртежи, 26 керамики, а другите рачно потпишани графики. Дел од нив ќе бидат изложени на изложбата во Домот на културата во Ѓорче Петров.



Покрај неприкосновената вредност на делата од легендата во уметноста на 20 век – Пабло Пикасо, оваа изложба е од исклучително значење и затоа што се организира по втор пат во Скопје. Единствена изложба на дела од Пикасо од колекцијата на ОСТЕН претходно е организирана во Галерија ОСТЕН во 2011 г.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ШОК – Колеги, пријатели се простуваат од Славиша Кајевски: Неверица, удар, подмолен молк…

Откако одекна веста дека македонскиот актер Славиша Кајевски ненадејно починал, неговите колеги и пријатели во …