(ВИДЕО) ЧОКОЛАДНА ТОРТА КОЈА НЕ СЕ ПЕЧЕ: Бомба на вкусови во комбинација со ореви и бисквити

Кој уште може да одолее на чоколадна торта или колач? Уште кога ќе додете бисквити, нема подобро уживање.
Она што го сака секоја домаќинка е да направи вкусна торта без многу напор и труд. Па, ова е идеален рецепт затоа што не се пече, само комбинирајте ги состојките и изладете во фрижидер. Повеќето намирници сигурно веќе ги имате дома, така што има големи шанси да не мора да одите во продавница
Состојки:
500 гр бисквити
150 гр печени ореви
150 гр шеќер
150 гр путер
50 гр какао во прав
240 мл вода/кафе
За ганаш:
120 гр чоколадо
120 мл слатка павлака

loading...

Подготовка:
Искртшете ги бисквитите на мали парчиња.
Ставете во сад, па додајте ги мелените ореви.
Во тавче измешајте шеќер, путер, какао во прав и вода/кафе.
Кога смесата ќе зоврие варете уште 5 минути со постојано мешање.
Прелијте преку бисквити и оревите и добро измешајте.
Истурете во калап и добро притиснете се убаво да се распореди.
Оставете во фрижидер.
Растопете ги чоколадото и слатката павлака и прелијте ја тортата.
Ставете во фрижидер околу 2-3 часа.
Украсете со ореви.

Фото: Принтскрин/YouTube/The Cooking Foodie


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОКАЈУВАЊЕ – Меган и Хари се борат да го запрат емитувањето на документарниот филм: Не сакаат светот да слушне што се кажале

Покајание, „пеглање“ работи, придобивки… Меган Маркл и принцот Хари сакаат да го променат документарецот што …