(ВИДЕО) Снимката на репортерот станала вирална поради она што го правел додека известувал

Американскиот репортер Виктор Вилијамс станал хит на Твитер откако неговата репортажа се емитувала на вестите на локалната телевизија во Детроит.
Виктор се одлучил за малку поинаков пристап во известувањето, па снимил репортажа во новоотворениот скејт парк во Детроит. Притоа, тој кружел по скејтборд паркот и зборувал за бесплатни часови по скејт.


„Бесплатните часови за скејтбординг неодамна станаа достапни во нов парк во Детроит. Се разбира, морав да им покажам на децата неколку трикови. Посакувам такво нешто да постоеше кога бев дете и мило ми е што сега е достапно во Детроит”, рекол Вилијамс.
Снимката од неговата репортажа наскоро станала вирална на Твитер, а коментарите продолжуваат да следат.
„Тој е најголемиот фраер досега“, „Ова е многу кул“, „Ти си икона“, „Отсега си на мојата листа на херои“, „Ни требаат повеќе вакви луѓе“, се само некои од коментарите на социјалната мрежа.

Фото: Принтскрин/YouTube/Click On Detroit

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Елизабет Харли во тесен фустан кој едвај и ги покрива градите

Британската актерка Елизабет Харли (56) на својот Инстаграм профил објави кратко видео од снимање и …