(ФОТО) НИКОЈ НЕ ОЧЕКУВАЛ! ПОЗНАТИОТ АКТЕР (88) ОДИ ВО ПЕНЗИЈА: „Тешко ми е да се движам и повеќе нема улоги за мене, ќе се посветам на ОВА!“

Легендарниот актер сер Мајкл Кејн се повлекува од светот на филмот и театарот.
Во интервју за Радио Би-Би-Си оваа недела, тој објавил дека се повлекува од актерството на 88-годишна возраст. Тој глумел во повеќе од 167. филмови и освои Оскар за улогата во филмот „Хана и нејзините сестри“ во 1986. година, во режија на Вуди Ален.


Легендарната филмска sвезда гостувал во Би-Би-Си Радио 5 за да го промовира својот последен филм „Best Sellers“ заедно со Обри Плаза. Тој филм го нарекол свое последно дело, истакнувајќи дека се потешко се движи.
„Баш и нема сценарија за 88-годишен главен актер“, рекол тој.
– Не работев две години и имам проблем со ‘рбетот што ми ги зафаќа нозете, па не можам добро да одам – ​​открил славниот актер и ги споменал своите мемоари што ги објавил во последните неколку години – “The Elephant In Hollywood” во 2010 година и „Blowing The Bloody Doors Off“ во 2018. година.
– Напишав и книга, односно неколку книги што беа објавени и беа успешни, така што сега не сум актер, јас сум писател – рекол тој.
Тој додал дека му се допаѓа литературниот начин на живот, бидејќи како „актер треба да станеш во пет и пол наутро и да одиш во студио“.



„Како писател, можете да започнете да пишувате без да станете од кревет“, рекол во шега Кејн.
– Кога се приближував до 70-та година, светот почна да се затвора за мене. Но, режисерот Кристофер Нолан дојде кај мене со филмот „Бетмен: почеток“ и повторно ја започна мојата кариера – изјавил актерот еднаш за британскиот Daily Mirror. Кејн вели дека ги снимил најдобрите филмови во своите 70-ти години и дека започнал нов дел од својот живот како постар актер.
– Ми се допаѓа тој човек. Го сметам Нолан за моја среќна sвезда – истакнал Кејн.
Сер Мајкл го имаше своето деби во филмот „A Hill In Korea“ во 1956. година. Првата номинација за Оскар дојде за драмата „Алфи“ во 1966. година. Тој се појави и во култниот филм „The Italian Job“ заедно со Ноел Кукард и Бени Хил.


Оскарот го освои во 1986. година за филмот „Хана и нејзините сестри“ на Вуди Ален.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Објавена новата корона карта на ЕУ: Нема зелени области!

Европскиот центар за контрола и превенција на болести објави нова мапа на короната на Европа, …