НА 31 ОКТОМВРИ ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ПОМЕСТИ ЧАСОВНИКОТ: Ништо од ветувањето на ЕУ за укинување на сезонското поместување

И’ покрај тоа што Европската комисија (ЕК) пред три години предложи да се укине сезонското поместување на часовникот, земјите членки се уште не се договориле за тоа, и се чини дека нема да го направат тоа во догледна иднина.
– Во недела, на 31 октомври, ќе ги поместиме часовниците – одговороил портпаролот Стефан Де Керсмакер на прашањето на новинарите што се случува со предлогот да се прекине поместувањето на стрелките секоја последна недела во март и последната недела во октомври.
Промената на часовникот требало да престане во 2019. година, бидејќи поранешниот претседател на ЕК, Жан-Клод Јункер,тоа го предложил за целата ЕУ во 2018. година, а членовите требало да одлучат дали ќе го задржат летното или зимското сметање на времето. Предлогот бил поддржан од Европскиот парламент во 2019. година, но требало да биде усвоен од земјите членки. Во моментов нема индикации дека предлогот може да ја добие нивната поддршка.


– Работата сега е во рацете на земјите членки – завршил портпаролот.
Европските министри за транспорт во декември 2018. година предложиле да ја одложат одлуката за укинување на сезонското поместување на часовникот до 2021. година, но оттогаш ништо не се случи.
Одлуката дали некоја земја членка како постојано сметање ќе го земе летното или зимското време, зависи од нејзината географска положба, па затоа е тешко да се очекува договор за предлогот на ЕК, кој сега изгледа избрзан, иако никој не сака официјално да го признае тоа.
Постојат три временски зони во Европската унија а најголемата е Централна Европа од Полска на исток до Шпанија на запад. Ако сите земји од таа временска зона земат, на пример, постојано летно сметање на времето, во Шпанија, Белгија, Холандија, Данска, сонцето ќе изгрее само во средината на утрото во зима, а во северозападниот дел на Шпанија околу 10 часот “ часовник. Во случај да ја земат зимата како постојано време, сонцето во источна Полска ќе зигрева во три часот наутро, во Варшава во 3. часот и 15. минути а во Берлин во 3. часот и 44. минути.
Од друга страна, доколку земјите на запад и север од континентот влезат во западноевропската временска зона, што би било природно, би настанале нови компликации бидејќи Франција и Германија би паднале во две различни временски зони.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Андреа се надева дека ќе ја претставува нашата земја на Евровизија со Circles

Circles се вика песната на Андреа која влезе во најтесниот круг од 6. песни за …