Наградата НАЈДОБАР УМЕТНИК на Ларнака Биеналето 2021 ја доби МИЦКО Мице Јанкуловски  

На 13.10.2021 во 19 ч. беа соопштени наградите на Ларнака Биеналето 2021, кое ова издание се одржа на тема: Безгранични граници. (https://biennalelarnaca.com)
Советот ја соопшти следната мотивација за доделувањето на наградата:
Црната не е боја, тоа е граница што сугерира дека ништо не постои понатаму … но црните слики на Јанкуловски на најсугестивен уметнички начин докажуваат дека сепак, има многу повеќе во црнилото, со што се кршат границите на веќе познатото. Парадоксално на очекувањата за надминување на границите со проширување, Јанкуловски ја постигнува неограниченоста во неговите слики со стеснување, фокусирање, всушност со отфрлање на другите бои, четки – сите атрибути на класичниот медиум во кој работи – сликарската уметност.
Оваа континуирана потрага да се види што има преку границата со користење само на класични, аналогни алатки (без помош на новата технологија), заедно со главните уметнички и концептуални атрибути што ги препознавме во неговите слики: монохромност, модуларност, мултипликација и минимализам, се вредни аргументи за доделување на оваа награда.
Дополнителна информација: во моментов во галерија ОСТЕН е поставена изложбата „ДИЈАЛОГ: Сулаж и Јанкуловски” – слики и графики. Заинтересираните можат да ја посетат изложбата до 20.10.2021 г. (раб. време 10 – 17 ч.)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ШОК – Колеги, пријатели се простуваат од Славиша Кајевски: Неверица, удар, подмолен молк…

Откако одекна веста дека македонскиот актер Славиша Кајевски ненадејно починал, неговите колеги и пријатели во …