(ВИДЕО) ДОЖДОТ ПРАВИ ХАОС ВО ГРЦИЈА: Колапс на сообраќајот, дел од Атина без електрична енергија…

Обилните дождови вчера ги поплавија улиците на градовите Атина и Солун, поради што грчките противпожарни служби добија бројни повици за помош.
Во атинското предградие Неа Филаделфија, учениците ја напуштиле училницата со тоа што морале да направат „мост“ од училишните клупи за да излезат, додека сообраќајот бил запрен на прометните улици кога водата се искачила на опасно ниво, објавил „Катимерини“.
Автопатот Атина-Ламија, како и авениите Александрас и Кифишија во градот, биле затворени.
Министерството за цивилна заштита ги повикало граѓаните да не излегуваат на улица, освен во случај на вонредна состојба.


Многу делови од Атина останале без електрична енергија, вклучително и населбата Панграти.
Локалните медиуми од Солун објавија дека за само неколку часа наврнале повеќе од 25 сантиметри дожд, што е еднакво на половина од дождот што паднал во септември во тој град.
Брановите го погодиле шеталиштето покрај морето и ја поплавиле авенијата Никис.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Меган Маркл како вистинска дама на Холивуд: Носела интересен летен стајлинг

Меган Маркл отсекогаш имала вкус… Меган Маркл и принцот Хари викендов беа домаќини на хуманитарен …