„SKOPJE CALLING 2022“ – СУПЕР МОЌНИТЕ PLACEBO СЕПАК ДОАЃААТ ВО СКОПЈЕ!

Почитувани,

Големо е задоволството да ви најавиме:


После откажувањето на нивната европска турнеја во 2019 година (од причини за кои веќе е тажно да се зборува), која ги опфаќаше и Скопје и Македонија, Авалон Продукција го одржа ветувањето и го потврди доаѓањето на еден од најголемите, највозбудливи и сигурно најконстантни по својот квалитет рокенрол бендови во овој век PLACEBO, на 16-ти јули 2022 година, на стадионот на АРМ во Скопје.

Само неколку дена по објавувањето на (без претерување) една од најубавите нивни песни досега, новиот сингл „Beautiful James“, најава за новиот албум – добивме дозвола да го објавиме и овој голем евент.


Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во петок, 15-ти октомври во 09 часот наутро по следниве цени и категории:

ПАРТЕР: 1500 денари

ФАН ПИТ: 1990 денари (само 1000 влезници во продажба)

Оние што ги имаат зачувано влезниците за настанот кој требаше да се одржи на 25.06.2020 година, не мора да ги заменуваат картите со новиот датум доколку тоа не го сакаат бидејќи сепак ќе им бидат важечки.

ВАЖНО: Со објавата за овој концерт, започнува серијата на објави на големи светски имиња за Македонија и регионот за 2022 година!

Бидете живи и здрави и убави како што сте и досега, и останете вклучени на нашите платформи. Се спрема ѓаволски добра година!

 

Ваша,

Авалон Продукција

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Признала дека со операциите си го уништила лицето, а еве како денес изгледа познатата шведска актерка!

Шведската манекенка и актерка Брит Екланд ќе остане запаметена како девојката на Бонд, Мери, во …