(ФОТО) Стоунси повеќе нема да го свират својот легендарен хит – ја откриле и причината!

Рок групата „Ролинг Стоунси“ на турнејата во Америка нема да ја изведува песната Brown Sugar (Кафеав шеќер), еден од најголемите хитови на тој бенд.
Песната, која беше број еден во Соединетите држави во 1971. година, се исфрлува поради портретирање на црни жени и повикување на ропство.
Гитаристот Кит Ричардс ја потврди одлуката за LA Times, но додал дека бил збунет од луѓето кои сакале да ја „закопаат“ песната.
„Зарем не разбраа дека ова е песна за ужасите на ропството?“, рекол тој.

Пејачот Мик Џегер, пак, за странските медиуми изјавил дека причината што песната нема да биде изведена е тоа што било „тешко“ да се состави сет листата за стадионите.
„Brown Sugar ја свиревме секоја вечер од 1970. година, па понекогаш ќе помислите: можеме да ја исфрлиме и да видиме како ќе помине. Можеби ќе ја вратиме”, рекол тој.
Brown Sugar е нивната втора најизведувана песна по хитот Jumpin ‘Jack Flash, според порталот Setlist.fm. Незаборавниот воведен риф и мелодија обезбедија огромен успех на песната и често ги засениле проблематичните референци за ропство, секс, садомазохизам и хероин.
Говорејќи во интервју за списанието „Ролинг Стоун“ во 1995. година, Џегер рекол: „Не би ја напишал таа песна денес“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Признала дека со операциите си го уништила лицето, а еве како денес изгледа познатата шведска актерка!

Шведската манекенка и актерка Брит Екланд ќе остане запаметена како девојката на Бонд, Мери, во …