Сигурни знаци дека не треба ништо да му верувате!

Не е секогаш се толку очигледно. На прв поглед, изгледа идеално за вас, но инстинктот ве предупредува дека нешто не е во ред. Тоа е затоа што понекогаш нашите сетила „фаќаат“ некои индиции за несигурноста на личноста со која си имаме работа, што можеби нема да можеме веднаш да ги протолкуваме.

Но, како знаеме дека излегуваме со личноста која „не е за верување“.

Тој е исклучително шармантен
Тој прави се’ за да убаво се забавувате, може да потроши мало богатство за да ве импресионира и внимателно избира зборови и постапки. Ако ви се чини дека неговото однесување е осмислено до најмалите детали, може да имате пред вас манипулативна личност која всушност нема емпатија и која не би се двоумела да ве повреди за негово лично задоволство.

Го крие мобилниот телефон
Кога сте заедно, секогаш мобилниот телефон го чува во џеб или торба. Тој дури го носи со себе и во бањата и можеби сте го фатиле како пишува пораки или зборува на телефон штом сте биле далеку од него некое време.

Ви дава нејасни објаснувања
Кога не се јавува на телефон, може да се извини со фраза како „заборавив да го вклучам звукот“ или „излегов со пријателите“, избегнувајќи да открие повеќе детали.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …