ПОРАДИ ДОЖДОТ, СКОПСКИ ГРАДСКИ ФЕСТИВАЛ СЕ СЕЛИ ВО ДОМ НА АРМ

Заради најавеното врнежливо време второто издание на Скопскиот Градски Фестивал ќе се одржи во Домот на АРМ, во сабота на 16 октомври, со почеток во 19 часот, а во организација на Баги Комуникации. 

За оваа година се најавени настапите на македонската fusion група Zulu 3.4, потоа на словенечко-српското дуо со македонски корени Атанасовски-Хаџиманов дуо и грчкиот виртуоз на хармоника со неговата група Thanos Stavridis & drom. 


  • Ќе беше убаво да можевме Фестивалот да го одржиме на отворено, како што планиравме на Школка, но немоќни сме пред временските прилики. Но тоа не значи дека нема да уживаме во настапите на најдобрите балкански и европски музичари. Ветуваме врвна изведба и возбудливо музичко искуство, ни изјави Манде од Баги Комуникации

Зулу 3.4 е инструментален бенд од Скопје, основан во март 2018 година од тројца млади љубители на џезот, чија цел беше да создадат уникатен звук преку спојување различни стилови и да внесат свежина на македонската музичка сцена.

Васко Атанасовски е водечки словенечки и европски саксофонист а Васил Хаџиманов е најдобриот светски џез-пијанист на електрично пијано.


Thanos Stavridis e водечки грчки музичар, факултетски професор и еден од најдобрите европски инструменталисти на хармоника, Тој ќе го промовира својот нов албум “Spicey Margarita”, прогласен за еден од најдобрите европски World music албуми во 2021 година.Фестивалот е поддржан од Министерство за култура и Град Скопје. 

Исто како што беше најавен на Школка, така и во Домот на АРМ влезот за публиката ќе биде бесплатен и возможен само со потврда за целосна вакцинација (со две дози).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Признала дека со операциите си го уништила лицето, а еве како денес изгледа познатата шведска актерка!

Шведската манекенка и актерка Брит Екланд ќе остане запаметена како девојката на Бонд, Мери, во …