НУЦК „Марко Цепенков“  – Прилеп:  Годишна изложба на ДЛУП 2021

На 15 октомври 2021/ петок/ од 19.30 ч. во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ ќе  биде отворена изложба на дела од уметниците – членови на ДЛУП. Ќе бидат изложени 30 дела од над 20 уметници членови на ДЛУП. Изложбата е поддржана од Министерството за култура.


-Одржувајќи го континуитетот на неуморна ликовна креација, членовите ќе го промовираат најновото сопствено творештво. Се претставуваат со творештво во различни техники и материјали преку кои ја прикажуваат својата страст. Културата е нешто што треба да има континуитет  и одржување  за да може да се пренесе на идните генерации. Па затоа преку уметноста се надевам дека ќе оставиме белег кој ќе биде од општествено и културно значење вели уметникот Методи Исков, претседател на ДЛУП.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Валчанов, Балчус и Ангелов во жири на „Киненова”

Жирито кое годинава ќе одлучува за филмовите во главната селекција на ММФ „Киненова” го сочинуваат: …