(ВИДЕО) На поранешен фудбалер на Реал и ПСЖ девојката, после кавга, со автомобил му минала преку ногата

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Хеси Родригез, повторно завршил во центарот на вниманието, откако девојката Аура Руиз по расправија со автомобил му минала преку ногата.
Според шпанските медиуми, кои како извор го наведуваат Canarias 7, се’ се случило по концертот во арената Гран Канарија, а видеото што се појави на Твитер покажува дека фудбалерот на Лас Палмас не можел да застане на нозе и дека неговото друштво му помага.


Да потсетиме, Хеси дојде во Реал како 14-годишник во 2007. година, беше во првиот тим од 2013. година, а во 2016. година премина во ПСЖ за 25. милиони евра. Сепак, тој го помина поголемиот дел од петгодишниот договор на позајмица, и бидејќи Спортинг Лисабон не одлучи да го задржи, се врати во Париз на почетокот на оваа сезона. Но, во текот на целата есен, тој одигра вкупно 22 минути.


На почетокот на декември минатата година, ПСЖ го раскина договорот со 27-годишниот напаѓач поради активности надвор од теренот. Откриено е дека ја изневерил својата девојка Аура Руиз, ријалити sвезда, со нејзина пријателка модел, а ПСЖ заклучил дека тој на тој начин ја нарушил репутацијата на клубот. Покрај тоа, на Канарските Острови, тој бил фатен на забава без заштитна маска и кршење на правилата за социјално дистанцирање. Во моментов настапува за Лас Палмас.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Починал легендарниот југословенски голман : Короната го земала најдобриот стрелец меѓу голманите!

ДРАГАН ПАНТЕЛИЌ, славен голман од 70-тите и 80-тите години, познат по одличните одбрани, но и …