(ВИДЕО+ФОТО) Неверојатен пресврт на Димитров против Медведев, Ѓоковиќ останува прв во светот

ГРИГОР ДИМИТРОВ создаде еден од најголемите пресврти во тенисот оваа сезона и го победи Даниел Медведев со 4:6, 6:4, 6:3, со што се пласираше во четвртфиналето на Индијан Велс за прв пат во својата кариера. Со елиминацијата на Медведев, тој му помогна и на Новак Ѓоковиќ, кого Русинот можеше да го замени на врвот на АТП ранг листата во случај на победа на овој турнир од серијата Мастерс 1000.

Димитров, 23-ти носител на турнирот, имаше еден сет заостанување и два брејка во вториот кога, со резултат 4:6, 1:4, започна пресврт со осум последователни гемови, отворајќи го патот до победата во два часа 16 минути. За место во полуфиналето, Димитров ќе игра против осмиот носител Хуберт Хуркач.

Со одличните игри во Северна Америка, Медведев имаше можност да стане првиот рекет во светот, за што му требаше триумф на Мастерсот во Калифорнија. Тој доби шанса со одлични игри и резултати во последно време, да го престигне Новак Ѓоковиќ, па останува да се напомене дека натпреварот против Димитров му се случи по серија од 18 победи на последните 19 натпревари.


Го освои Мастерсот во Торонто, полуфиналето на Мастерсот во Синсинати и УС Опен, во чие финале го совлада Ѓоковиќ во три сета, чија позиција на АТП листата сакаше да ја достигне.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Починал легендарниот југословенски голман : Короната го земала најдобриот стрелец меѓу голманите!

ДРАГАН ПАНТЕЛИЌ, славен голман од 70-тите и 80-тите години, познат по одличните одбрани, но и …