Четири работи што треба да ги знаеме за ВИТАМИНОТ Ц: Која е дневната доза за жените, а колку за мажите?

Кога зборуваме за имунитет, повеќето луѓе прво мислат на витамин Ц. Во последно време, ние зборуваме за здравјето повеќе од кога било.
Која е всушност ефикасноста на витаминот Ц за нашето здравје?
Д-р Меган Мејер, директор за научна комуникација на Меѓународниот совет за информации за храна, зборува за еден од најпознатите витамини за зајакнување на имунитетот: витаминот Ц.

Што точно витаминот Ц прави за нас?
– Витаминот Ц е витамин растворлив во вода кој делува како моќен антиоксиданс. Игра важна улога во нервниот систем, метаболизмот и имунитетот. Покрај тоа, витаминот Ц помага во апсорпцијата на микронутриенти, особено железото – посочува докторката за Real Simple.

Колку витамин Ц ни е потребен дневно?
Препорачаните додатоци во исхраната во форма на витамин Ц се движат од 15. милиграми до 120. милиграми дневно, во зависност од возраста и полот.

„75 милиграми дневно за возрасни жени и 90 милиграми дневно за возрасни мажи“

 

Дали удвојувањето на внесот на витамин Ц ќе му помогне на имунолошкиот систем?
Витаминот Ц е важна хранлива состојка за оптимална имунолошка функција. Сепак, студиите покажаа дека земањето на неговите мегадози во форма на додатоци навистина не помагаат во борбата против болестите, како што е настинката.

Повеќе витамин Ц не е нужно подобар, бидејќи нашето тело може да апсорбира само неколку стотици милиграми одеднаш. Бидејќи витаминот Ц е растворлив во вода, има ниска токсичност и не е поврзан со штетни ефекти во високи дози.
Меѓутоа, ако земате одредени лекови, треба да бидете особено внимателни со додатоците на витамин Ц, па во тој случај, консултирајте се со доктор.

Која е најдобрата храна со витамин Ц за јадење?
Големи количини на витамин Ц може да се најдат во зеленчук како што се брокула, зелка, карфиол, компири, спанаќ и домати, агруми и сок од цитрус, јагоди и сок од домати.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …