(ФОТО) СТРАШНА СМРТ НА МАЈКА И ДВЕ ДЕЦА: Скокнала од 19-ти кат со бебе и тригодишен син во рацете! Ова е нејзината проштална порака!

Мајката наводно скокнала од височина од околу 60/ метри со бебе и син во рацете, убивајќи се себе си и децата, објавила руската полиција.
Олга Жаркова (34) и нејзините два сина, на возраст од три години и еден месец, починале откако паднала од стан на 19-ти кат во Москва, каде детективите започнале истрага.


Се сомнева дека мајката на две деца страдала од акутна постнатална депресија пред да си го одземе животот и да ги убие своите деца скокајќи од станот, пишува Mirror.
Наводно, Жаркова, сопруга на руски воен офицер, напишала порака во која вели дека не сака да ги остави своите деца во овој „суров, мрачен свет“ и ги држела во раце кога скокнала во смрт.

„Таа се пожалила на своите познаници дека има постнатална депресија. Се чувствувала осамено и уморно”, изјавил полициски извор за Комсомолскаја правда.
Нејзиниот сопруг Дмитриј (35) примил средства за смирување кога пристигнал на местото на настанот.
Олга се пожалила дека нејзиниот сопруг честопати бил отсутен долго време од дома поради неговите воени обврски.

Рускиот истражен комитет отворил истрага за убиството на двете деца.
Според извештаите, ќе се спроведе „пост-смртна психијатриска анализа“.

Извор: mirror.co.uk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …