УСПЕХ БЕЗ ПРЕСЕДАН:Во ЕУ се вакцинирани 75% од возрасните граѓани

Во Европската унија, 75% од возрасните граѓани се вакцинирани, објави еврокомесарот за здравство Стела Киријакидис.
На вчерашната неформална седница во Словенија, министрите за здравство на земјите од Европската унија беа информирани за создавање на здравствена унија во ЕУ, со цел блокот да одговори на идните здравствени предизвици.
Европската стратегија за набавка на вакцини и имунизација овозможи „невиден успех“, каде што соработката на членовите и покажаната солидарност беа клучни, рекла Киријакидис.
Според неа, успехот се покажал во фактот дека досега 75 отсто од возрасните лица биле имунизирани во ЕУ, објави Хина.
– Меѓутоа, исто така, ни треба поголем процент на вакцинирани луѓе насекаде. Тоа беше мојата главна порака, додала таа.
За да се осигура дека стратегијата за вакцинација и контрола на пандемијата, а потоа и враќање на нормалниот живот на глобално ниво, потребна е солидарност, па затоа на неформалниот состанок на министрите за здравство, беше дадено јасно ветување дека ЕУ, на земјите надвор од Унијата до средината на следната година ќе им донира 500 милиони дози вакцина против ковид, од кои 250 милиони пред крајот на оваа година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …