НАЦИОНАЛЕН КАНДИДАТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА НАГРАДАТА „ОСКАР ЗА НАЈДОБАР ДОЛГОМЕТРАЖЕН ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФИЛМ“

Почитувани,
Ве известуваме дека Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата “Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм”, при Друштвото на филмските работници на Македонија во состав: Дејан Димески – кинематографер и претседател на Комисијата, Роберт Јанкуловски – фотограф и кинематографер, Петар Богоевски – дизајнер на светло, Несрин Таир – актерка, Снежана Поњевиќ – Муча – сценографка, Александар Пејовски – композитор и Дритон Вејсели – актер, прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, донесе одлука филмот „Сестри“ во режија на Дина Дума, да биде национален кандидат на Република Северна Македонија за оваа награда за 2022 година.

Во конкуренција за кандидатурата беше и филмот: „Исчезнатиот“ во режија на Арбен Тачи. Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука објави дека 94-та церемонија за доделување на Оскарите ќе се одржи во недела, 27 март 2022 година, во Лос Анџелес.

за принт ДФРМ маички

Со почит,
Друштво на филмските работници на Македонија

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од 27-31 октомври ќе се одржи шестото издание на МФФ Киненова

Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова Би сакал најнапред на истакнам дека сум поприлично горд …