КОЈ АПАРАТ ЗА МЕРЕЊЕ ПРИТИСОК Е ПОДОБАР – ДИГИТАЛЕН ИЛИ СО ПУМПИЧКА? Експертите ја решија дилемата, сите ги прават овие грешки…

Час е добар, час е алармантно висок. Дали е до апаратот?
Дали апаратот е расипан или мене притисокот навистина толку ми варира? Вредностите се нормални, па за половина час драстично ќе скокне. Ова е дилема со која се соочуваат речиси сите што често го мерат крвниот притисок. Некои имаат тенденција да веруваат дека стариот уред со „пумпа“ е всушност посигурен, додека други мислат дека дигиталниот е попрецизен…

Дали има разлика помеѓу апаратите и дали може да се каже дека некои се подобри? Дали квалитетот зависи од цената?
Дигиталните монитори за крвен притисок што се користат со прицврстување на зглобот, за кои многумина сметаат дека се помалку сигурни и несоодветни за луѓе постари од 45. години, всушност не се полоши од старите што имаат лента за рака со пумпа и стетоскоп. За првите, единствената поента е зглобот да се постави во ниво на срцето, велат кардиолозите.
При мерење на притисокот со механички тонометар битни се и најмалите детали. На пример, отчитувањата може значително да се разликуваат ако воздухот во ременот се „пумпа“ премногу бавно, или обратно, премногу брзо.


Проблемот е и ако појасот е премногу цврсто затегнат околу раката или се стави преку облеката, сето тоа влијае на тоа кои вредности ќе ги чита уредот.
Покрај тоа, отчитувањето на притисокот зависи и од тоа каде ја ставате „главата“ на стетоскопот во однос на артеријата. Во суштина, единственото нешто што е важно е да научите како правилно да го користите мерачот, заклучуваат кардиолозите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сексуалниот живот се подобрува во текот на есента, причината е повеќе од интересна!

За да откриеме како сезоните влијаат на нашето либидо, истражувачки тим од Универзитетот „Ludwig Maximilians“ …