Денеска по повод Европскиот ден на органодонорството се одржа настан посветен на сите семејства кои донираа органи од своите блиски, како и на донаторите на коскена срцевина

Денеска по повод Европскиот ден на органодонорството се одржа настан за подигнување на свесноста за значењето на донирањето на органи и ткива, како и донирањето на коскена срцевина како  начин на лекување и спасување човечки животи. Настанот е посветен на сите семејства кои донираа органи од своите блиски, како и на донаторите на коскена срцевина. По повод Европскиот ден на органодонорство, министерот за здравство др Венко Филипче, Националниот координатор за трансплантација на органи и ткива др Маја Мојсова Мијовска и директорката на Клиниката за хематологија др Ирина Пановска Ставридис  направија ретроспектива на спроведените активности на полето на трансплантацијата во изминатите две години и се освраа на значењето на трансплантација во земјава.

Министерот за здравство др  Венко Филипче се заблагодари на семејствата на донорите и го истакна значењето на трансплантацијата во земјава.
–  Во 2019 година направивме измени ви Програмата за трансплантација. Се ажурираа листите на пациенти на коишто им беа потребни органи, срце бубрези и црн дроб како и коскени ткива. Паралелно на сето тоа направивме зајакнување на електорнскиот систем, ажурирање на електронските листи и за првпат воведовме  електронски регистар кој што по систем на приоритизација врз основа на соодветни критериуми дава приоритет на пациентите кои што треба да ги добијат органите. Сето тоа не доведе до ситуација да во екот на кризата со ковид во мај минатата година видиме една шанса, едно  семејство кое што се согласи да дарува срце и други органи за трансплантација. Благодарение  на нив, првпат беше изведена мултиорганска кадаверична трансплантација во нашата земја. Колегите лекари најдоа дополнителен ентузијазам и желба да направат нешто што и инаку и без ковид криза е комплексно и тешко да се направи.
Системот профункционира после првата трансплантација на срце, и се направија уште други 8 дијагностицирања на мозочна смрт од коишто дополнителни 5 срца се трансплантираа и 17 бубрези на пациенти на коишто им беше неопходно.
Паралелно на целокупниот овој процес се направи сериозен чекор напред во делот на трансплантацијата на коскена срцевина, што значи трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител. До денес се  направени 35 такви трансплантации и ние сме дел од светскиот регистар на коскена срцевина, што значи дека нашите доброволни дарители може да даруваат крв и било кој пациент во светот согласно ХЛА типизацијата биде соодветен примател доколку треба, но и обратно на нашите пациенти да им е на располагање таа крв и тие дарители на коскена срцевина од целиот свет кога ХЛА ќе се докаже дека е компатибилна.
Националниот координатор на трансплантација др Мојсова Мијовска освен осврт на сработеното ја потенцираше човечката димензија на органодонорството, како најголема и најсилна кмапања.
-Ова немаше да биде можно доколку не постоеја семејства кои имаа благородна душа и безгранична човечката љубов и во најтешките моменти се одлучија и подарија живот.Ние сметаме дека тие се нашата најголема кампања и дека во суштина нивниот глас е тој кој ќе се слушне силно и ќе дипре до сите вас, а најмногу до медиумите. Тие се наши партнери во ова, нашиот глас во тоа што сакавме и тоа што го направиме- кажа доц д-р.Маја Мојсова Мијовска.
Паралелно со трансплантацијата на солидните органи, сериозен чекор напред се направи во делот на трансплантацијата на коскена срцевина.
-Досега на нашата клиника се спроведени повеќе од 600 интервенции, а 35 пациенти се лекувани со новите процедури. Нашите резултати се движат кон рамките на достигнувањата на реномираните центри во Европа и САД. Истовремено, за пациентите од непроценливо значење е што во текот на лекувањето се блиску до своето семејство и ја имаат нивната помош и поддршка  – изјави директорката на Клиниката за хематологија, д-р Ирина Пановска Ставридис

Министерот Филипче изрази благодарност до амбасадите во нашата држава кои помогнаа во процесот на унапредување на органодарителството, до амбасадата на Германија за донациите во делот на зајакнувањето на дарувањето на коскено ткиво, за сега за  првпат  да имаме банка за коскено ткиво, направени се 4 трансплантации на клиниката за ортопедија. Министерот упати благодарност до амбасадата на Холандија за помошта при подобрувањето на дијагностиката и до амбасадата на Соединетите Американски Држави коишто направија значајна инвестиција и треба да започне проектот за надградба на Клиниката за хематологија со што клиниката ќе добие уште еден спрат, целосно современ по стандардите за сместување на трансплантирани хематолошки пациенти.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …