(ВИДЕО) Капетан Кирк и’ официјално стана најстарата личност во универзумот

Леталото „Blue Origin“, сопственост на милијардерот Џеф Безос, полета во вселената со четиричлен цивилен екипаж, вклучувајќи го и актерот Вилијам Шатнер (90), кој ја играше улогата на капетан Кирк во серијата „Sвездени патеки“.
Со овој лет, Шатнер стана најстарата личност што некогаш летала во вселената. Полетувањето беше закажано за 9. часот наутро по локално време. Првичната намера беше вселенското летало „Blue Origin“ вчера да полета во вселената, но временските услови не го дозволија тоа.
На Шатнер на 10-минутно патување му се придружија поранешниот инженер на НАСА, Крис Бошуизен, ко-основач на платформата „Медидејт Солушн“ за клинички истражувања Glen de Vries и потпретседател и Одри Пауерс, инженер на Blue Origin.
Четворица членови на екипажот вчера ја поминале обуката и целиот тим на мисијата заврши со проценка на подготвеност, за да се осигура дека сите системи се во функција.

Фото: Принтскин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …