(ВИДЕО+ФОТО) Е ОВА СЕ ВИКА ДУПКА НА ПАТ: Два автомобили упаднале во дупка со врела вода што одеднаш се отворила на улица во Русија!

Огромна дупка полна со топла вода што одеднаш се отворила денеска во Русија „проголтала“ два автомобила.
Тојота и Нисан паднале како жртви на кратерот што се отворил на раскрсницата во Новосибирск.
„Два автомобили целосно потонаа. Ужасно е”, рекол еден очевидец за локалните медиуми НГС.

Лексусот што бил зад нив избегнал слична судбина бидејќи стоел на црвено светло.
Двата автомобили биле паркирани пред деловниот центар кога пропаднале во дупка која одеднаш се отворила. Во овој инцидент нема повредени, но 21 блок станбени згради останале без топла вода и греење.

Ова е последна во серијата вакви несреќи во третиот по големина град во Русија. Минатиот месец, дупки „проголтале“ автомобили, автобуси и камиони.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …