(ВИДЕО+ФОТО) ЕДУКАТИВЕН ЧАС во ЈП Лајка

Тие се нашата иднина
Во месецот посветен на животните продолжуваме со едукативни посети во ЈП Лајка со нашите најдраги гостинчиња од проектната единица за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст – детска градинка на министерството за финансии „Мини Фини Буџетчиња“.
Инвестирањето во едукација на најмладите и развивање на хуман однос кон животните се едни од нашите приоритети. Новите генерации треба да учат за одговорно сопствеништво и да ја развиваат културата за вдомување бездомни животни на што макотрпно работевме изминатава година.
Нашите гостинчиња имаа можност да се запознаат со работата на претпријатието, да се дружат со кучињата, да ги хранат и чешлаат и да им помогнат на нивните негователи. Ја посетија и ветеринарната служба каде докторот по ветеринарна медицина им одржа едукативен час.

Благодарност до воспитувачките и родителите на сите овие прекрасни дечиња кои беа иницијатори за оваа прекрасна посета.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за среда, 20.10.2021: Можеби средбата со една личност не е ваш „сон за голема среќа“, но најавува ново искуство во емотивниот живот…

Овен Љубов: Во избраното друштво и со нечии емоционални поттикнувања, светот околу вас изгледа многу …