HUAWEI NEXT-IMAGE Awards 2021 е отворен за фотографии на глобално ниво и нуди големи награди 

Популарниот годишен натпревар за фотографија на Huawei – NEXT-IMAGE Awards 2021, повторно е отворен за фотографии и видеа направени со уредите на Huawei, до 30 ноември. Темата на годинешното издание е“Better Together(Заедно сме подобри)”, а наградите вбројуваат над 70 парични и материјални награди.

Huawei NEXT-IMAGE Awardsе најголемиот натпревар во фотографија направена со паметни телефони,во светски рамки, со над 2 милиони фотографии и видеа доставени од неговото основање во 2017 година до сега*. Со едноставни услови и атрактивни награди, петта година по ред, фотографи од целиот свет, аматери и професионалци, можат да го споделат својот поглед на светот со љубителите на оваа уметност.  

Жири 

Победниците на NEXT-IMAGE Awards се избрани од тим експерти за фотографија од различни земји, со разновидни креативни профили. Меѓу нив се канадскиот фотограф за екстремни спортови, Рубен Крабе, британскиот уметнички критичар, Карен Смит и францускиот телевизиски и радио продуцент, Оливер Сиабодо. Жирито исто така вклучува визуелни уметници со лично искуство во освојување фотографски награди, од Пулицер до минатогодишнитеNext-ImageAwards, како и Ли Чанџу, потпретседател на Consumer Strategy Marketing Dept во HUAWEI Consumer Business Group. 

Награди 

HuaweiNext-Image Awards традиционално нудат богат фонд за награди – парични и материјални. Наградата за “Фотограф на годината”ќе биде доделена на 3 учесници, под иметоNEXT-IMAGE CREATION бонус од 10.000 американскидолари. Уште 27 учесници ќе добијат по 1.000 долари. Наградите вклучуваат и 30 паметни часовници Huawei Watch 3. Жирито, исто така, ќе одреди 10 добитници на Student Focus Award, на возраст од 18 до 24 години, кои ќе добијат паметен телефон Huawei P50 и NEXT-IMAGE CREATION бонус од 1.000 долари. 

Како да учествувате?

Само посетете ја веб страната:https://gallery.consumer.huawei.com и следете ги наведените чекори за да ја поставите вашата фотографија или видео во соодветната категорија.

10 категории, 10 уникатни погледи на убавината на светот 

Huawei ги охрабрува учесниците да го истражуваат светот од различни перспективи, формати и услови. Затоа, натпреварот е поделенна 10 тематски категории, што го прават уште поинтересен. Категориите се: Portrait, Monochrome, Colour, Snapshot, Night, Telephoto, Super Wide Angle, Super Macro, Story Creator,Storyteller.

Овие категории, исто така, ја поттикнуваат употребата на предностите на Huawei паметните телефони во области како што се фотографирање при слаба осветленост и навечер, макрофотографија, фотографија од далечина, снимки со широка голи портрети.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ТОА СЕ ВИКА ЉУБОВ: Со своето тело го заштитил автомобилот од град

КРАТКОТО видео за рекордно време собрало бројни симпатии. Нема тука многу за што да се …