(ФОТО) Дечките од „ДНК“, Владимир Блажев и Андреј Ѓорѓиески уште еднаш ги покааа своето големо срце и ХУМАНОСТ – да го следиме нивниот пример!

„По вчерашната сторија за 5 членото семејство Јакимови, денес нашите патишта не водеа од село Ергелија Светиниколско, каде што отидовме да ги посетиме и помогнеме колку ни дозволуваат нашите можности.
Живеат во трошната куќарка која за жал е речиси пред распаѓање. Не пречекаа навистина убаво како што доликува на една хармонична фамилија но со тажна насмевка. Живеат во едно мало собче заедно со нивните три прекрасни дечиња ( Бојана 14год, Давид 13,Викторија 10год. ) кои за жал неможат да имаат детство како секое нормално дете и за жал тинејџерските години ги проаѓаат во срам и исмејување од страна на нивните врсници. Од срце би ве замолиле сите оние кои сте во можност да им помогнете онолку колку можете и да се обратите на следниве броеви за да го контактирате таткото Стојче за било какви донации. ( 078 98 18 22 или 075 65 08 73 )


Приоритет е да се санира терасата на куќата и собчето, а исто така имаат потреба од машина за перење и фрижидер. Госпоѓата Татјана е работоспособна и едвај чека да и понудат работа или пак да ја вратат во фабриката Мик Свети Николе, а нејзиниот сопруг Стојче боледува од епилепсија но самиот кажа дека би можел и сакал да работи работа која не бара физички напор. Голема благодарност до нашите пријатели Жито Маркети кои секогаш без проблем одговараат на нашите хуманитарни акции.
Сите заслужуваат подобар живот, а заедно сплотени сме секогаш посилни.
Во наше и во името на Стојче би ве замолиле да ја раширите и споделите приказната се со цел да стаса до сите добри луѓе кои се во можност да помогнат.
Ваши Панчо и Андреј ❤️


Фото:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Тони Цетински бил на трансплантација на коса, СЕ’ објавил на Инстаграм

ТОНИ Цетински објави на Инстаграм дека решил да направи трансплантација на коса. „Одамна имам желба …