Тажна вест го потресе ракометниот свет – Утрово почина екс-репрезентативката Јулија Николиќ!

Со „црвено-црните“ помина две години, по што од 2015 .година беше надвор од ракометот.
Нејзината приказна почна во Скопје почна во 2003 година, дојде од Украина. Дресот на Кометал Ѓорче Петров го носеше до 2009 година.
Утринава тажна вест ја потресе ракометната и целокупната јавност во земјава, откако се појави веста дека на 38 години почина поранешната македонска репрезентативка и член на Кометал Ѓорче Петров, Јулија Николиќ, претходно Портјанко.
Нејзината приказна почна во Скопје почна во 2003 година, дојде од Украина. Дресот на Кометал Ѓорче Петров го носеше до 2009 година. Ги паметиме нејзините феноменални партии и нејзината борбеност, кои и ги отворија и вратите во македонската репрезентација. Доби наше државјанство и играше во „црвено-жолтиот“ дрес до 2012 година.
Од Кометал Ѓорче Петров се пресели во Турција, а потоа играше и во Франција. Во 2013 дојде во Вардар од тимот на Звезда Звенигород.
Со „црвено-црните“ помина две години, по што од 2015 .година беше надвор од ракометот.
За жал, на само 38 години од непознати причини за јавноста, Николиќ почина утрово во Скопје каде што живееше и беше сопственик на свој бизнис.

Извор:plusinfo.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна судењето на Бензема, му се заканува казна од пет години затвор

Истражителите велат дека Бензема го охрабрил Валбуена да им плати на уценувачите откако му ги …