Промоција на романот „Трамонтана“ од Наташа Сарџоска

Утре на ден 13.10.2021 година, со почеток во 19. часот, во фоајето на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев” Куманово ќе се одржи промоција на романот „Трамонтана” од авторката Наташа Сарџоска. Промотор на романот ќе биде Фросина Пармаковска.
Наташа Сарџоска е поет, писател, преведувач и толкувач. Перформер, сонувач и патник. Авторка е на поетските книги „Сината соба’, „Жива вода” и „Крстена коска” а нејзината поезија е препеана на италијански, англиски и српски јазик. Застапена е во неколку антологии на поезијата на македонски јазик, меѓу кои и Антологија на еротска поезија.


„Роман кој отвара и културолошки прашања, за противречностите на истокот и западот, за таа фатална средба меѓу ликовите, за лажниот сјај на буржоазијата. Роман за љубовта, но не како фокус на романот туку како еден вид награда после таа генералка на битието, љубовта како еден бонус, како билет за во непознат правец каде нема ништо сигурно, ништо безвредно.” вели меѓу другото, промоторот Фросина Пармаковска.
Промоцијата е дел од проектот кој е финансиски подржан од Министерство за култура на Република Северна Македонија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од 27-31 октомври ќе се одржи шестото издание на МФФ Киненова

Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова Би сакал најнапред на истакнам дека сум поприлично горд …