Дали се мачите со меморијата и концентрацијата? Пробајте ги овие пет намирници што секојдневно ги јадат нутриционист и експерт за мозок од Харвард

Нашиот мозок е покренувач на речиси се, нашите мисли, меморија, концентрација, движење, дишење или отчукувањата на срцето. Дали сте знаеле дека одредена храна може да ја зголеми неговата сила, острина и меморија?
Мозокот и исхраната, исто така, играат клучна улога во долговечноста, така што, според американскиот Национален институт за стареење, она што го јадеме може директно да влијае на воспалението и оксидативниот стрес во нашите тела. И двете можат да влијаат на ризикот од невродегенеративни заболувања, вклучително и’ Алцхајмерова и Паркинсонова болест.
Психијатарот за исхрана, Ума Наидо, членка на Медицинскиот факултет Харвард, открила за CNBCMake It што јаде секој ден за да ја зајакне меморијата, концентрацијата и генерално да го подобри здравјето на мозокот.

Темно чоколадо


„Темното чоколадо е богато со флавоноли од какао, кои помагаат да се одржи здравјето на мозочните клетки. Покрај тоа, содржи влакна кои помагаат да се намали воспалението на мозокот и да се спречи пад на когнитивните способности“, вели Наидо.
Здрави млади возрасни лица кои јаделе темно чоколадо, покажала студија од 2020. година, имаа подобра вербална меморија два часа по консумирањето во споредба со групата што јадела бело чоколадо. Студијата заклучува дека ова се должи на повисоката содржина на флавоноиди во темното чоколадо, што може да ги подобри когнитивните функции на луѓето.
Темното чоколадо, вели Наидо, не треба да има помалку од 70 проценти какао, но исто така ве предупредува да не претерувате со количината. Оптималната количина за здравјето на нашиот циркулаторен систем, според една мета-анализа, е околу 45 грама неделно.

Бобинки


„Бобинките се полни со антиоксиданси, фитонутриенти, влакна, витамини и минерали. Овие хранливи материи помагаат да се зачува меморијата, и влакната што содржат микроби на храна во цревата, и помагаат да се намали воспалението на мозокот“, вели Наидо и предлага комбинација од црвени, сини и црни бобинки.
Јагодите, на пример, се богати со флавоноиди кои можат да помогнат да се забави падот на когнитивната функција. Боровинките содржат разни видови флавоноиди поврзани со спречување на оксидативниот стрес, а капините се одличен извор на антиоксиданси кои помагаат во здравјето на мозочните клетки.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …