(ФОТО) Се сеќавате ли на Мишел и Ивет од серијата „Ало, ало!“? И’ денес тие се пријателки!

Актерката која ја глумеше Мишел во популарната серија “Ало, ало!” овие денови го прослави својот 69 -ти роденден, а честитките и ги испрати на Инстаграм поранешна колешка од серијата Вики Мишел, која ја гледавме во улогата на волшебната келнерка Ивет.

Серијата „Ало, ало!” припаѓа на категоријата серии што публиката секогаш со задоволство ги гледаше секогаш кога ќе се репризираше овој британски ситком. Серијата имаше девет сезони и беше прикажувана на Би-Би-Си од 1982 до 1992 година, и иако многумина првично критикуваа како серијата е направена за да ја исмева Втората светска војна, авторите на серијата имаа за цел да ги карикираат воените филмови и телевизиски драми.

Актерите што ги гледавме во оваа сега веќе култна серија често истакнуваат како „Ало, Ало“ ја одбележа нивната кариера, а еден од споредните ликови на кои публиката добро се сеќава е Мишел Дибоа, членка на Француското движење на отпорот, која ја игра британската актерка Кирстен Кук.

Актерката деновиве го прослави својот 69 -ти роденден, а честитка на Инстаграм и испрати и поранешна колешка од серијата Вики Мишел, која ја гледавме во улогата на волшебната келнерка Ивет, која објави заедничка фотографија.
„Ало, ало! Среќен ти роденден, убава Кирстен. Ти си прекрасна пријателка и неверојатна актерка. Многу се забавувавме работејќи заедно. Убаво поминете си со вашето семејство”, и напишала Мишел.
Кирстен пораснала во Англија и завршила актерска игра на Академијата за драмски уметности во Лондон. Таа е среќно мажена и има четири деца.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …