(ФОТО) Денес е барана манекенка но имала тешко детство: Мајка и и’ забранувала да јаде и да е образува!

Има само 25 години, до неодамна не изгледаше ниту блиску до тоа како изгледа сега, но сето тоа го реши нејзината мајка Јоланада, па милиони сега само се прелеваат на сметката на славната манекенка.
Манекенката Бела Хадид денес доминира на модните писти и речиси и да нема шоу што не го направила. Бела пред неколку дена го прослави својот 25 -ти роденден, и така млада постигна многу.
Сепак, Бела е придружена со приказната дека никогаш не би успеала да не беше нејзината славна мајка, поранешната манекенка Јоланда Хадид, со која јавноста можеше да се запознае и преку реалното шоу „The Real Housewives Of Beverly Hills“. Јоланда зад себе има два брака и три деца.

Таа беше во брак со Мохамед Хадид, татко на Бела и Џиџи Хадид од 1994. до 2000. година. После тоа, таа се омажи за Дејвид Фостер, со кого беше од 2011. до 2017. година. Покрај ќерките, таа има и син, Анвар, кој исто така е модел.
Мајката на Бела го доби прекарот „мајка од пеколот“ затоа што и бранела на Бела да јаде колку што сака, „затоа што Париз и Милан сакаат слаби девојки“, и не ги охрабрила ќерките да студираат „бидејќи манекенството е многу поисплатливо“.


Бела била спортски тип, а нејзината страст биле коњите. Сакала да оди на Олимпијада како јавач, но нејзиниот сон завршил кога открила дека има Лајмска болест. Меѓутоа, со помош на добри телесни предиспозиции, неколку пластични операции, славата на нејзината сестра и „голите фустани“, таа исто така успеа да се пробие во светот на модата и многу брзо да застане рамо до рамо со својата постара сестра.
Денес, Бела е многу успешна, таа заработила околу 25. милиони долари само во 2020. година, речиси и да нема голем бренд во чии кампањи таа не се појавила. Од Марк Џејкобс, преку Томи Хилфингер, Ралф Лорен, Балмејн, до Диор и многу други.
Успешна е и на социјалните мрежи, па над 46. милиони луѓе ја следат на Инстаграм.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОЧИНАЛА НА 40 ГОДИНИ – Британската водителка која неодамна почина, им оставила трогателно проштално писмо на своите деца

Британската водителка, која почина на крајот на јуни по битка со ракот на дебелото црево, …