Светскиот шампион во атлетика пронајден мртов

Кенискиот спортист и трикратен светски шампион, Хозе Макаринјанг, бил пронајден мртов во својот дом во Муркит, Западен Покот.
35-годишниот ас е специјализиран за трки на десет илјади метри и трчање по крос кантри, а некои сведоци тврдат дека станува збор за самоубиство.
Извештаите од странските медиуми сугерираат дека Хозе долго време се борел со депресија и проблеми со менталното здравје.
Макаринјанг, кој тренираше во Елдорет, бил победник на полумаратонот во 2017. година, а три пати бил светски шампион на крос-кантри, последователно од 2006. до 2008. година.
Тој исто така бил добитник на африкански сребрен медал до 20 години, бил меѓу осумте најдобри, дури осум пати на Светското првенство во крос -кантри.Според се се чини дека Макаринјанг се самоубил по помалку од една година откако се врати на тренингот по паузата.

„Почна повторно да тренира, се подготвуваше за голем кам-бек, а ние како претставници на кениската атлетика ги славиме неговите достигнувања“, рекол Џексон Пкемои од Атлетската федерација на Кенија.
Друг член на оваа федерација, Бонифациј Тирен, го запознал спортистот пред само еден месец.
„Го видов додека тренираше и сакав да ми објасни на што работи. Тој вети дека ќе најде време да објасни што прави. Жлно е што почина“, истакнал Тирен.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна судењето на Бензема, му се заканува казна од пет години затвор

Истражителите велат дека Бензема го охрабрил Валбуена да им плати на уценувачите откако му ги …